Гал Гадот на прошетка со најмалата ќерка

1.jpg

Sвездата на Wonder Woman, една од најубавите суперхероини, Гал Гадот откри дека е бремена со своето трето дете во март, a подоцна откри дека наскоро ќе стане мајка на три девојчиња.

36-годишната израелска актерка, чиј труднички стомак е веќе видлив, беше забележана кога излезе на прошетка во Лос Анџелес со нејзината најмала ќерка, четиригодишната Маја.

А во меѓувреме, Гал ги исклучи коментарите на нејзината последна објава на Твитер, откако напиша дека ѝ се крши срцето поради ескалираниот конфликт меѓу Израел и Палестина, што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Во твитер-објава за насилството меѓу Израел и Палестина таа напиша : Срцето ми се крши. Мојата земја е во војна. Израел заслужува да живее како слободна нација. Нашите соседи го заслужуваат истото тоа. Некои корисници на Твитер ја прозваа за користење на зборот „соседи“ сугерирајќи дека требало да напише Палестина, и дека не ги споменува Палестинците што се убиени.

Related posts

Дневен хороскоп за 06 април 2026

CityLife

Нетфликс достигна 260 милиони претплатници

CityLife

Патрик Демпси открива детали за продолжението на „Маѓепсани“

CityLife