Дали и вас ве мачат пролетните алергии? Голем број на луѓе имаат бурни реакции на некој вид полен, затоа ви претставуваме неверојатни факти за овие проблеми кои ги носи пролетта.
Со пролетта конечно ни пристигнаа и сончевите денови, но и поленските алергии, кои ни го ускратуваат уживањето во убавото време. Затоа, не е лошо да се знаат што повеќе факти за овој проблем.
1. Поленските алергии се последица на збунетост на организмот. Телото тогаш се однесува како да се брани од бактерии или вируси, иако станува збор за обичен полен кој за нас е безопасен.
2. Симптомите на поленска алергија ги предизвикуваат хистамините, супстанции кои ги лачи нашиот организам.
3. Се уште не се знае со сигурност зошто организмот реагира бурно на одредени супстанции (алергени), кои не се штетни за него.
4. Постои и генетска предиспозиција за алергии, па децата на алергични родители ќе имаат многу поголеми шанси и самите да патат од оваа болест, отколку луѓето чии родители не се алергични.
5. Иако склоноста кон алергии се наследува, тоа не важи и за склоноста кон специфичен алерген. Ако родителот е алергичен на амброзија, детето ќе наследи склоност кон алергија, но не мора да значи дека ќе биде алергично на амброзија.
6. Алергијата е неизлечива. Може да се третираат само симптомите, но не и предизвикувачите. Симптомите обично се третираат со антихистаминици.
7. Најдобриот начин за борба против алергиите е избегнување на алергените, односно супстанците кои предизвикуваат алергии.
8. Покрај генетските предиспозиции, предизвикувачи на алергија можат да бидат и загадување, паразити, пречувствителност на организмот и ментални причини.
9. Најголемата причина за пролетните алергии – поленот, може да патува со километри пред да ја пронајде својата жртва.
10. За време на пролетните денови, во воздухот има најмногу алергени кога дува благ ветер, а најмалку кога паѓа дожд.