Ѓорѓе Давид не смее да ја напушти Македонија, судот му го одзеде пасошот!

Screenshot 2024 01 22 152405.png

По предлог на Основното јавно обвинителство Куманово на странскиот државјанин, српскиот музичар Ѓорѓе Давид, кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Табановце во кое имаше една жртва му се определени мерки на претпазливост – привремено одземање на патна и друга исправа (лична карта и возачка дозвола) за преминување на државната граница и обврска да се јавува во Судот, информираат од Јавното обвинителсво во Скопје.

Ова следува по тешката сообраќајна несреќа која се случи викендов во Македонија, во која една жена го загуби животот. Сообраќајната несреќа се случи во саботата доцна. А жената која ја прегазил Давид, била на автопатот откако веќе била учесник во друга сообраќајна несреќа.

Related posts

Не ја фрлајте течноста од овој производ, таа е многу корисна за различни намени

CityLife

Метју Пери објаснува зошто „Пријатели“ стекнува фанови 25 години подоцна

CityLife

Шест хороскопски знаци кои секогаш се сомневаат во својот партнер

CityLife