„Амазон“ ќе снима четврта сезона на „Господар на прстените: Прстените на моќта“

254.png

Американската компанија „Амазон“ официјално го потврди снимањето на четвртата сезона на серијата „Господар на прстените: Прстените на моќта“. Снимањето на новите епизоди треба да започне напролет во студиото „Шепертон“ во Велика Британија.

Како што соопшти компанијата, серијата веќе се наоѓа во фаза на подготовки за новата сезона, а како главни сценаристи и извршни продуценти повторно ќе бидат Џеј Ди Пејн и Патрик Мекеј. Нивниот план е серијата да има вкупно пет сезони. Дејството во третата сезона се одвива седум години по настаните од втората сезона, а во фокус на приказната се војната меѓу џуџињата и Саурон, толкуван од Чарли Викерс, како и создавањето на „Единствениот прстен.“

Според директорот за глобална телевизиска продукција на „Amazon MGM Studios“, Питер Фридлендер, „Прстените на моќта“ прераснала во една од препознатливите серии на платформата „Prime Video“, благодарение на соработката со креативниот тим. Продолжението на серијата доаѓа и покрај падот на гледаноста по првата сезона, како и по критиките на дел од публиката. Амазон засега нема објавено официјални податоци за гледаноста на третата сезона.

„Господар на прстените: Прстените на моќта“ е заснована на книжевниот свет на Џ. Р. Р. Толкин, а дејството се одвива во второто доба на средната Земја, илјадници години пред настаните прикажани во филмската трилогија „Господарот на прстените“.

Датумот на премиерното прикажување на четвртата сезона засега останува во тајност.

Related posts

Поранешни вработени ја тужат Ким Кардашијан Вест поради неисплатени плати

CityLife

Дневен хороскоп за 27 април 2026 година

CityLife

(Видео) Специјалната епизода на „Пријатели“ ќе биде достапна и во Азија на 27 мај

CityLife