Шварценегер се чувствува фантастично како дедо

300.ahhnold.lc .090911.jpg

Во текот на гостувањето во ток-шоу во понеделникот, Арнолд Шварценегер откри дека неговата ќерка Кетрин се однесува премногу заштитнички над внуката Лајл, и се пошегува на нејзина сметка нарекувајќи ја  стручна вратарка.

73-годишниот актер се појави од далечина на „Џими Кимел лајф“. Водителот го праша како се чувствува како дедо за првпат, откако Кетрин (31) и сопругот Крис Прат (41) ја дочекаа Лајла минатиот август.

„Фантастично“, рече Арнолд.„Освен тоа што ме прави да се чувствувам стар“, се пошегува тој.

„Навистина е супер да имаш внуче. Таа е убаво бебе. Јас сум многу горд на Кетрин и Крис и тие одлично се снаоѓаат заедно како родители.“

Водителот Џими истакна дека Арнолд има фарма со животни кои шетаат околу неговата куќа, меѓу нив има мини магаре и пони. „Сигурно малата Лајла ќе биде многу среќна кога ќе сфати дека нејзиниот дедо живее во своевидна зоолошка градина,“ рече тој.

Арнолд откри дека неговата ќерка премногу се плаши за малата Лајла. „Мислам дека Кетрин е стручна вратарка.“ рече тој.

„Секогаш кога ќе го допреш бебето, таа вели:’О боже, не ја држи така! Јас ѝ велам дека сум имал доволно деца во моите раце, точно знам што правам, јас сум експерт за тие работи. Но, таа откачува. Мислам дека е природно “, рече Арнолд.

Related posts

Бенифер втор дел: Џеј Ло во страствен бакнеж со Бен Афлек

CityLife

Др. Дре доби ѕвезда на Булеварот на славните, Снуп Дог и Еминем дојдоа да го поддржат

CityLife

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

CityLife