Патики на Каније Вест продадени за рекордни 1,8 милиони долари

W 56832548.jpg

Патики на американскиот рапер Каније Вест се продадени за рекордни 1,8 милиони долари.

Патиките се купени на специјализирана платформа, соопшти денеска аукциската куќа „Сотби“, која ја организираше аукцијата.

Станува збор за патики од моделот Air Yeezy на „Најк“, кои американскиот рапер ги носеше на Греми наградите во 2008 година.

Досега најскапи патики продадени на аукција беа патиките Nike Air Jordan 1, што ги носеше Мајкл Џордан во 1985 година, а беа продадени за 615.000 долари на аукција во август 2020 година.

Related posts

Предупредување од Унеско : Девојчињата повторно заостануваат во математика

CityLife

Кендал Џенер ултрамодерна на прошетка во Лос Анџелес

CityLife

Зоната на самракот во океанот може да содржи извор на нов пеницилин

CityLife