Фестивалот Коачела се врaќа во април 2022 година

20210602 ChochellaFestival Reuters.jpg

Музичкиот фестивал Коачела во пустината во Јужна Калифорнија ќе се врати за прв пат по две години во април 2022 година, најави организаторот во средата.

Фестивалот стар 20 години, еден од најголемите во светот, беше откажан во 2020 година поради пандемијата на Ковид-19.

Организаторите претходно работеа на негово враќање во октомври 2021 година, според извештаите на медиумите, но таквиот план не успеа.

Овој настан под ведро небо секоја година собира половина милион фанови во близина на Индио, на југот на Калифорнија, за два викенда.

Датуми за 2022 година се викендите од 15 до 17 април и од 22 до 24 април, „Голденвојс“, фестивалска и концертна компанија, наведува во соопштението.

Related posts

Хелен Мирен сама избрка мечка од својот имот во Невада

CityLife

Семјуел Џексон и Дени Гловер ќе добијат почесни „Оскари“

CityLife

Гал Гадот на прошетка со најмалата ќерка

CityLife