Унгарија по седум години би можела повторно да настапи на Евровизија

Evrovizija max 1433 775.jpg

По седумгодишна пауза, Унгарија размислува за враќање на изборот за песна на Евровизија. Иницијативата ја покренал унгарскиот премиер Петар Маѓар, кој најавил дека ќе побара да се испита под кои услови земјата би можела повторно да стане дел од натпреварувањето.

Унгарија последен пат учествуваше на Евровизија во 2019 година, по што се повлече од натпреварот.

За време на неодамнешната посета на Виена, Маѓар за австриската телевизија ОРФ изјавил дека ќе го задолжи министерот или државниот секретар за култура да ги разгледа можностите за враќање на Унгарија на евровизиската сцена.

„Нема причина Унгарија да не учествува на ова натпреварување“, изјавил Маѓар, додавајќи дека од неговото доаѓање на функцијата добива бројни прашања од јавноста за евентуално враќање на земјата на Евровизија.

Официјално објаснување за повлекувањето на Унгарија во 2019 година никогаш не беше соопштено. Сепак, тогашните медиумски анализи и јавни дебати ја поврзуваа одлуката со конзервативните политики на владата на поранешниот премиер Виктор Орбан и нејзиниот критички однос кон ЛГБТК+ заедницата, која често се поврзува со евровизиската култура.

Доколку иницијативата биде реализирана, Унгарија би можела повторно да се појави на сцената на Евровизија по пауза од седум години,

Related posts

Саудиска Арабија за прв пат учествува на изборот за Мис Универзум

CityLife

Уран во Близнаци носи револуции и рушење на системите вели Јанковска

CityLife

„Инстаграм“ воведува „Инстанти“ – 24-часовни објави со фотографии што ќе се гледаат само еднаш

CityLife