Почетокот на јуни ни носи попладневна нестабилност и локално невреме

Img 6394.png

Под влијание на малку поладен воздух на висина поврзан со атмосферски фронт од север и на високи летни температури на воздухот во долниот слој од атмосферата денот недела 31 Мај 2026, како и во првите денови од месец јуни во Македонија особено во попладневните часови ќе имаме дестабилизација на атмосферата.

Во ваква ситуација локално ќе се развиваат конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално можни се поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град.

И во делови од Скопскиот регион во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град.

Температурите пак ќе бидат во пораст и тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, додека во Скопје  и околината температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 29 и 31 степен.

Related posts

(ВИДЕО) Почина човекот кој по заразување со Полио живееше 70 години во машина што дишеше наместо него

CityLife

Кејт Мидлтон се огласи за првпат по операцијата со фотографија која је направи принцот Вилијам

CityLife

Дру Баримур по грешка му испратила непристојно видео на тинејџер

CityLife