Совети за посјајни бели чорапи

Feet Socks Jeans 7068273.jpg

Општопознато е дека по редовна употреба и повеќе перења, белите чорапи обично нема да бидат толку светли и сјајни како кога се купени. Но, со неколку домаќински „трикови“, сепак, и тоа е можно.

Имено, првиот совет гласи: Исперете ги чорапите со помош на таблети за миење садови. За нив се вели дека ги прават чорапите повторно светлобели – скоро „како нови“.

Има и друг метод: Со оцет. За алкохолниот оцет, познавачите говорат оти е моќно средство за чистење, а и безбедно за употреба. Содржи киселински својства – тука особено се нагласува оцетна киселина, којашто делотворно дејствува и врз најзакоравените дамки.

За правилно чистење на белите чорапи со оцет, се додава и шолја алкохол за триење во литар жешка вода. Чорапите потоа се оставаат да отстојат исправени преку ноќта.

После тоа, белите чорапи се перат во машината – на нормален циклус на центрифугирање, за да се отстрани мирисот на оцет што можеби сѐ уште го има.

Related posts

Јадењето на овие намирници ќе не направи среќни

CityLife

(Видео) Наоми Осака ги охрабрува девојките да прифатат дека се поинакви

CityLife

Диететичарка ја открива која е најдобра храна за добар и квалитетен сон

CityLife