Пронајдени украдени лего коцки вредни 300.000 долари

Velika.jpg

Во рациите на четири домови низ Јужна Калифорнија, американската полиција пронашла украдени лего коцки во вредност од околу 300.000 долари.

Кражбите се случиле во окрузите Лос Анџелес и Оринџ, а осомничените се на возраст меѓу 35 и 47 години, пишува Тајмс.

Тие се уапсени под обвинение за организирана кражба на мало, голема кражба и завера.

Легото е омилена мета на крадците бидејќи лесно се продаваат, а профитот може да биде огромен, пишува весникот.

Некои од најпопуларните комплети може да се продаваат за илјадници долари.

Related posts

Украдени две третини од златните статуетки со ликот на Моцарт, поставени во Салцбург, по повод 270-годишнината од неговото раѓање

CityLife

Од компанија во Јужна Калифорнија украдени Покемон карти вредни речиси милион долари

CityLife

Пет хороскопски знаци кои се совршени придружници

CityLife