Разводот на внукот на кралицата, Питер Филипс, стигна до суд

Gettyimages 1157659270 square.jpg

43-годишниот внук на кралицата се разведува од сопругата со која беше во брак 13 години.

Тоа е првиот кралски развод во последните неколку децении, а сега, Питер Филипс треба да ги финализира деталите за разделбата со сопругата Отум Филипс.

Бракоразводната постапка, иако виртуелна, почнува во судот оваа недела.

Ссудијата Џастис Пил од Високиот суд ќе го разгледува нивниот случај. Двојката има две деца, 10-годишната Савана и деветгодишната Исла.

Ниту една од страните нема да биде присутна на суд, целиот процес ќе се одвива виртуелно преку видео конференција, а адвокатите ќе говорат во име на секој од парот.

Двојката ја објави својата разделба минатата година, откако ја известиле кралицата и семејството на крајот на 2019 година. Во изјавата објавена на почетокот на февруари 2020 година, беше наведено: „Есента заеднички се согласивме да се разделиме.“

Тие заедно заклучиле дека тоа е најдобриот начин на делување за нивните две деца и меѓусебното пријателство. Одлуката за развод и заедничко старателство над децата, која уследи по повеќемесечни дискусии, иако тажна, е пријателска, велат двајцата.

На денот на свадбата, 2008 година.

Related posts

Таа има 24, а свршеникот 68 години: Не сум со него за парите, ние сме нормален пар

CityLife

Јапонската Влада со апликација за запознавање се обидува да го реши проблемот со намалувањето на населението

CityLife

Четири здравствени придобивки од редовното консумирање авокадо

CityLife