Гал Гадот тврди Џос Ведон ѝ се заканувал со кариерата

По приказната на „Холивуд репортер“ кога актерот Реј Фишер го обвини режисерот Џос Ведон за расистичко и насилно однесување во текот на снимањето на „Лига на правдата“, сега на површина испливаа нови обвинувања за наводно вознемирување и закани врз актерката Гал Гадот.

Гал тврди дека нејзината кариера била загрозена од режисерот Џос Ведон.

Суперхероината или жена чудо во Wonder Woman работеше со режисерот во 2017 година на „Лига на правдата“. Таа откри дека Ведон ѝ се заканил ќе ѝ наштети на кариерата ако преземе нешто во врска со нејзините тврдења за недолично однесување.

Во интервју за израелскиот портал N12, таа објасни за нејзините интеракции со режисерот и откри што точно ѝ рекол: „Молчи или ќе ти ја уништам кариерата.“

Таа потвдри дека со неа разговарале луѓе кои спровеле темелна истрага.

WarnerMedia претходно соопштија дека завршиле со истрагата и дека се преземени мерки за подобрување на состојбата. Сепак, компанијата одби да образложи какво дејствие е преземено.

Обвинувањата на сметка на Ведон започнаа минатата годинам кога актерот Реј Фишер – кој го глуми Киборг во „Лига на правдата“ – го обвини Ведон за грубо, непрофесионално и целосно неприфатливо однесување.

Related posts

Џорџ Клуни вели дека сè уште сака да глуми, но режијата е „позабавна“

CityLife

Најдолг животен век имаат Јапонија, Шведска и Норвешка. Тие се придржуваат до овие навики

CityLife

Најопасните години од животот за секој хороскопски знак

CityLife