Прво Скопје Бар Шоу и 15. Државно првенство на бармени

20240311171112 Big 730x400 9.webp.webp

Најновите трендови во барската и коктел индустријата ќе може да се проследат на првото Скопје Бар шоу,  што ќе се одржи денеска во Лабораториумот во Скопје, во организација на Здружението на бармени на Македонија (ЗБМ).

Во рамки на Скопје Бар Шоу ќе се одржи и 15-то Државно првенство на бармени. Целта на настанот е унапредување на ХоРеКа сегментот во туристичко-угостителскиот сектор во земјава.

Како што најавуваат од здружението, предвиден е и посебен дел со семинари и мастер класови од реномирани професионалци од земјата и регионот.

Натпреварот во рамки на Државното првенство на бармени започнува во 14. 00 часот, а финалето е од 20. 00 часот.

Победникот ќе ја претставува државата на Светското првенство на бармени во Мадеира, Португалија.

Related posts

X мрежа: Исчезнуваат опциите за „лајкување“ и коментирање на кориснички објави

CityLife

Buketi.mk – нова онлајн платформа за достава на цвеќе во Скопје

CityLife

Еве какви податоци собира ТикТок за своите корисници

CityLife