Пол Макартни стана првиот британски музичар милијардер

2279540.jpeg

Основачот на Битлси стана првиот британски музичар милијардер, според листата на богаташи на „Сандеј Тајмс“ објавена во петокот.

Богатството на 81-годишниот Пол Макартни се зголеми со „многу турнеи, вреден каталог и мала помош од Бијонсе“, која ја обработи песната „Blackbird“.

Богатството на Макартни се проценува на една милијарда фунти. Списокот на „Сандеј тајмс“ покажа дека бројот на милијардери во Велика Британија падна на 165, од рекордно високо ниво од 177 во 2022 година.

Дел од причината лежи во планот на владата следната година да ја прекине мерката според која жителите на Велика Британија не плаќаат данок за своите прекуморски приходина приходи во странство. Списокот покажа дека и богатството на кралот Чарлс III пораснало за 10 милиони фунти, на вкупно 610 милиони, благодарение на зголемувањето на вредноста на неговиот недвижен имот.

Хемискиот тајкун Џим Ретклиф, кој претходно оваа година купи удел во фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед, пронаоѓачот Џејмс Дајсон и сопственикот на компанијата Вирџин, Ричард Бренсон, поминаа помалку добро.

Нивното богатство од повеќе милијарди фунти се намали. Инвеститорот со индиско потекло Гопи Хиндуџа, вреден 37 милијарди фунти, е на врвот на листата трета година по ред.

Related posts

Кинескиот боксофис со заработка од 3 милијарди долари за четири месеци го надмина американскиот за цела 2020 година

CityLife

Нов живот на југот на Франција: Амал и Џорџ Клуни се омилени жители на мало гратче

CityLife

Ѕвездите се појавија онлајн за виртуелно доделување на наградите САГ

CityLife