Саудиска Арабија за прв пат учествува на изборот за Мис Универзум

O 1914596 1024.jpg

Саудиска Арабија ќе учествува на изборот за Мис Универзум 2024 за прв пат во историјата на изборот. Руми Алкатани, 27-годишна манекенка и инфлуенсер родена во Ријад, ќе ја претставува Саудиска Арабија на изборот за убавина.

– Чест е да се учествува на изборот за Мис Универзум 2024. Ова е прво учество на Кралството Саудиска Арабија на изборот за Мис Универзум – објави таа на својот Инстаграм профил.

Покрај тоа што е избрана за Мис на Саудиска Арабија, Алкахтани ги носи и титулите Мис на Блискиот Исток, Мис на Арапскиот свет за мир 2021 година и Мис жена на Саудиска Арабија.

Таа претходно ја претставуваше Саудиска Арабија на неколку меѓународни избори, меѓу кои и на оној за Мис Азија, кој се одржа во Малезија.

Related posts

Флорида планира да забрани користење на социјални мрежи на лица помлади од 16 години

CityLife

Кефирот го зајакнува имунитетот, ги чисти цревата и помага при слабеење

CityLife

Џеф Безос има одличен совет за успех – и за возрасни и за деца

CityLife