Филмскиот и телевизиски проект за Тоше Проески ќе се снима во 2027 година, премиерата најавена за 2028

Toshe proeski.jpg

Снимањето на филмскиот и телевизискиот проект посветен на Тоше Проески е планирано за 2027 година, а премиерата се очекува во 2028 година. Проектот е во продукција на „ОХО Продукција“ и беше претставен на фестивалот „Weekend.19“ во Ровињ.

Како што информираат од продукцијата, проектот ќе се развива во три формати: игран филм, играна серија и документарна серија. Целта е да се прикаже не само музичката кариера на Тоше, туку и неговиот личен свет, соништата, дилемите и патот до музичката слава.

На презентацијата учествуваа продуцентот Пеце Талески, авторот Игор Стоименов и сценаристите Милана Влаовиќ и Андреј Волкашин. Авторскиот тим работи на истражување што опфаќа архивски материјали и разговори со соработници и блиски луѓе на пејачот.

Посебно внимание ќе биде посветено на човекот зад ѕвездата, чиј живот и дело оставија длабока трага кај публиката во регионот.

Авторот Игор Стоименов потсети и на една од последните изјави на Тоше, дадена неколку часа пред трагичната несреќа: „И јас би сакал да го знам тој Тоше“.

Точниот почеток на снимањето, актерската екипа и продукцискиот распоред дополнително ќе бидат официјално објавени.

Related posts

Биографот Том Бауер ја најде својата следна тема, Меган Маркл

CityLife

Совети за гумите за зимските утра

CityLife

Пепелот на Принс ќе биде изложен во Пејсли Парк по повод петтата годишнина од неговата смрт

CityLife