Кралицата Елизабета Втора сподели една од нејзините омилени фотографии со принцот Филип

Elizabeta i Filip.jpg

Во пресрет на погребот на принцот Филип, британската кралица Елизабета Втора сподели со јавноста една од нејзините омилени фотографии со нејзиниот сопруг, со кого беше во брак 73 години.

На фотографијата се гледа како кралскиот пар се одмара на трева во Абердиншир во 2003 година, пренесува Би-Би-Си.

На таа фотографија направена еден сончев ден, кралицата и принцот Филип изгледаат целосно опуштено и топло се насмевнуваат на својата снаа Софија која ги сликала.

Погребот на принцот Филип, кој почина на 9 април, на 100-годишна возраст, ќе се одржи денес во замокот Виндзор.

На погребот ќе можат да присуствуваат најмногу 30 лица во согласност со мерките против епидемијата на коронавирусот. Самиот принц Филип претходно изјави дека сака скромен погреб.

На церемонијата, која ќе биде прикажана на телевизија, кралското семејство ќе се збогува со војводата од Единбург, кој беше во брак со „Лилибет“ која стана кралица во 1952 година.

Related posts

Љубителка на животни отвори студио за луѓето да можат да посетуваат јога часови со своите кучиња

CityLife

Три намирници за долговечност

CityLife

Кралицата одобри забрана Меган Маркл да позајмува кралски накит

CityLife