Ејдан Тарнер ќе го глуми Леонардо да Винчи во нова серија

118079964 splitdavicn2.jpg

Ирскиот актер Ејдан Тарнер изјави дека му е мило што новата историска драма за Леонардо да Винчи ја отсликува сексуалноста на уметникот.

Во новиот проект, во продукција на „Амазон прајм“, Тарнер го глуми познатиот италијански ренесансен архитект, инженер, вајар, уметник.

Во ТВ-серијата, универзалсниот уметник од Тоскана е прикажан како да има машки љубовници. Некои историчари тврдат дека Да Винчи бил хомосексуалец или бисексуалец.

„Неговата сексуалност е голем дел од она што навистина бил тој“, рече Тарнер во текот на поткатстот Leonardo: Official Podcast. „И негова мотивација да направи толку многу“, додаде актерот.

Драмската серија – љубовна приказна и мистерија за убиство – истражува што го натерало Да Винчи да црта. Секоја од осумте епизоди се фокусира на различна слика и приказната што стои зад неа.

Related posts

Еве какви податоци собира ТикТок за своите корисници

CityLife

Светски ден на пчелата: Тие изумираат, а Ајнштајн предупреди дека нивното исчезнување ќе биде фатално

CityLife

Како правилно да се пости велигденскиот пост?

CityLife