Кога навистина снимаат камерите доколку ја надминеме дозволената брзина

Kameri.jpg

Според експертите, фиксните камери не можат да снимаат на стотици метри одалеченост. Нивните системи работат во точно определена зона на мерење, во која ја регистрираат брзината на возилото и, доколку има прекршок, го фотографираат.

Еден од најраспространетите системи во Европа е „GATSO RT4“. Тој ја мери брзината на приближно растојание од 10 до 100 метри, што значи дека уредот може да го евидентира прекршокот откако возилото ќе влезе во тој опсег. Фактот дека возачот ја забележал камерата на 300 или 400 метри однапред не значи дека во тој момент веќе е снимен или дека камерата веќе ја измерила неговата брзина.

-Сето ова не значи дека возачите треба да сопираат во последен момент бидејќи, доколку возилото влезе во зоната на мерење со брзина над дозволената, камерата ќе го регистрира прекршокот, без оглед на тоа што возачот започнал да забавува само неколку метри пред тоа, предупредуваат експертите.

Според нив, возачите често ги мешаат фиксните камери со полициските радари и ласерските мерачи на брзина. За разлика од стационарните камери, кои работат во однапред одредена зона, преносните радари и ласерските уреди што ги користи полицијата можат да ја измерат брзината на значително поголеми растојанија.

– Камерата нема да ве сними веднаш, но нема ниту да ви „прости“ ако во зоната за мерење влезете со недозволена брзина. Затоа, возете според дадените прописи, советуваат експертите.

Related posts

Германски парк за птици стана дом на штотуку изведени морски орли

CityLife

Трансформирајте ги дилемите во добри одлуки: Ако го примените ова, ќе знаете дека сте го направиле вистинскиот потег

CityLife

Над 90 Американци починаа по естетска операција во Доминиканската Република, најмногу при бразилско подигнување на задникот

CityLife