(Видео) Лиам Нисон и Лоренс Фишбурн во „Ледениот пат“

43161699 0 image a 190 1621395703211.jpg

Лиам Нисон и Лоренс Фишбурн глумат во нова акциона авантура во режија на Џонатан Хенсли, чиј трејлер беше објавен во вторникот.

The Ice Road („Ледениот пат“) се фокусира на ризична операција спасување рудари во урнат рудник за дијаманти во северна Канада.

Ѕвездата ветеран Нисон (68) го толкува ликот на камионџија кој вози по заледен пат под голем притисок по уривањето на рудникот, каде група рудари се во животна опасност.

Во тизерот, Мајк (Лијам Нисон) вози низ опасна рута на снежни бури и тенок мраз, кога сфаќа дека има сили насочени против него.

Филмот беше завршен на почетокот на 2020 година, а „Нетфликс“ пред два месеца ги откупи правата за 18 милиони долари.

Стримгинг-платформата премиерно ќе го емитува на 25 јуни.

Related posts

Џастин Чемберс ќе го глуми Марлон Брандо од ерата на „Кум“

CityLife

Само едно седиште во авионите е посебно, има и зошто тоа е така

CityLife

Во овие хороскопски знаци се раѓаат најгрижливите мажи

CityLife