Како да се создадат здрави навики во исхраната кај бебињата?

Alimentacion Complementaria

Раното усвојување здрави навики во исхраната кај бебињата придонесува за нивно придржување во текот на детството, што значи и поздрав раст и развој на малите деца. Сите навики што ги развива бебето во првата година од животот, веројатно ќе траат цел живот.

Следуваат неколку совети за воспоставување здрави навики кај малечките.

1. Се започнува рано!

Разновидна понуда на зеленчук и овошје (во помали количини) ќе го навикне детето на нивниот вкус, облик и количина. Истражувањата покажуваат дека ако првата храна е горчлив зеленчук, најверојатно ќе ги прифатат овие вкусови идните години. Знаците на глад и ситост кај бебето и хранењето складно со нив, можат да му помогнат да го одржи овој вроден инстинкт за тоа – кога и колку сака да јаде?

2. Ќе има различни реакции на вкусовите

Лицата на бебињата покажуваат вродена реакција на горчлив вкус. Истражувачи откриле дека таа исчезнува кога бебињата повторно ќе го пробаат истиот вкус. Смешното лице при првиот контакт со ново јадење, не мора да значи дека на детето не му одговара таа храна. Како што бебињата растат, овој рефлекс исчезнува.

3. Бидете доследни во навиките на здрава исхрана!

Ако детето не го прифати новиот вкус првпат, тоа не смее да значи откажување кај родителот. Може да бидат потребни и 10 до 15 обиди, сѐ додека здрвата храна не му се допадне на бебето, особено ако се работи за брокула или спанаќ… Ако малечкото не ја сака новата храна првиот пат, обидете се пак по неколку дена.

4. Пробувајте ги заедно новите вкусови

Бебињата и малите деца учат нови работи имитирајќи ги другите, па тоа важи и за здравите навики во исхраната. Нивните најголеми примери се родителите. Ако Ве гледаат како уживате во здравиот избор, и тие ќе сакаат да го пробаат тоа при редовните семејни оброци.

5. Внимавајте на напитоците

Кога детето е жедно, понудете му вода или незасладен напиток. Овошните сокови содржат многу шеќер и мала хранлива вредност. Секоја напивка со повеќе шеќер може да му ги оштети забите на малечкото.

6. И закуските може да бидат здрави и вкусни!

Ужинките обично се мали оброци што накусо ќе го задоволат гладот на бебето. Тоа треба да е сосем доволно, за детето повторно да биде гладно за главниот оброк. Некха тоа биде, на пр. брокула со малку сирење или со јогурт со малку маснотии.

Бебињата кои ги стекнуваат овие навики на здрава исхрана, најверојатно ќе се држат до нив и во зрелоста. Тоа им помага да одржуваат здрава тежина и здрав начин на живот. Како што родителот повремено ужива во чоколадо или торта, така и малото треба да се почести понекогаш… Но, секој напор вложен во здрави навики ќе резултира со поздрав начин на живот и во подоцнежните години.

Related posts

Ковид се менува, ова се најчестите симптоми кај новите случаи

CityLife

Кардиолог советува: Им ги забранив овие 9 намирници на луѓето кои ги сакам!

CityLife

10 неверојатни факти за поленската кивавица

CityLife