„Гластонбери“ најавува голем концерт без публика

20210401 Coldplay Reuters 1.jpg

Британскиот легендарен фестивал „Гластонбери“ е откажан веќе втора година по ред, но тоа не ги спречува организаторите да направат голем концерт без публика, со директен онлајн пренос.

„Гластонбери“ ќе се одржи во форма на лајфстрим концерт во мај со настапи на Колдплеј, Дејмон Албарн, Џорџ Смит, Хаим, Волф Елис, Мајкл Киванука и други, соопштија организаторите во средата, откако престижниот музичкил настан на трева беше повторно откажан поради пандемијата на Ковид-19.

Петчасовниот виртуелен спекаткл Live At Worth Farm ќе се одржи на 22 мај на „Ворти фарм“ во Самерсет, југозападна Англија, место во кое претходно беше организиран фестивалот.

Ќе има директен онлајн пренос односно лајфстрим на кој фановите ќе можат да ги гледаат уметниците како свират на познати локации на фетивалот – пирамидата и камениот круг – со многу специјални гости кои ќе се обраќаат меѓу настапите.

Во нормални услови, култниот фестивал кој обично се одржува во јуни, собираше над 200,000 луѓе.

Related posts

Кендар Џенер со жешки кадри- позираше речиси гола, а фановите полудеа

CityLife

Ема Стоун елегантна на премиерата на „Круела“ во Холивуд

CityLife

(Видео) Бушалка ненамерно го пробила тунелот на метрото во Истанбул

CityLife