Гвинет Палтроу немала поим како да биде добра маќеа

41162030 0 image a 56 1617173644375.jpg

Гвинет Палтроу призна дека немала поим како да биде добар родител на децата на сопругот Бред Фалчук од неговиот претходен брак

Гвинет разговараше за родителството со колешката маќеа и актерка Габриел Јунион во текот на најновата епизода на The Goop Podcast.

Гвинет и Габриел мораа да се справат со мајчинството од сите агли, вклучително и да бидат помајки на децата на нивните сопрузи.

„Кога станав маќеа, кога знаев дека ќе станам маќеа, јас немав идеја како да го направам тоа “, призна 48-годишната sвезда на „ Железниот човек “.

„Нема што да се прочита. Што да правам? Како да го направам ова?“

Изабела и Броди се деца на сегашниот сопруг на Палтроу, Бред Фалчук. „Тоа беше навистина интересен предизвик за мене, ги сакам, и научив многу за себе низ целиот процес “, додаде таа.

Гвинет има две деца, 16-годишната ќерка Епл и 14-годишниот син Мозес, со поранешниот сопруг, музичарот Крис Мартин, од кого се разведе во 2016 година по 13 години брак.

Related posts

Џуди Денч не сака да ја нарекуваат национално богатство

CityLife

Научниците тврдат: Како што стареете, мамурлакот е сè полесен

CityLife

Шакира носеше фустан со 200.000 кристали на финалето на Светското првенство

CityLife