Според извештајот на Светската здравствена организација (СЗО), бремените жени изложени на топлотни бранови имаат ризик од предвремено породување и до 26 отсто, што може да предизвика смрт на плодот, вродени аномалии кај новороденчињата и гестациски дијабетес.
Достапните информации укажуваат дека бебињата родени во 2024 година биле почесто изложувани на топлотни бранови од новороденчињата од 1986 до 2005 година. На глобално ниво, 1,5 милијарда деца се изложени на топлотни бранови.
„Трудниците треба да внесуваат доволно течности за време на горештините, а по потреба да ги разладуваат вратот и стапалата со влажни крпи. Исто така, кога тоа е можно, активностите да ги планираат во попладневните часови“, препорачува СЗО, нагласувајќи дека здравствените власти треба да имаат воспоставено системи за рано предупредување и да преземат дополнителни мерки за подигнување на свеста кај семејствата за опасноста од горештините кај бремените жени.
