Во најава нова љубовна двојка: Канје Вест и Ирина Шајк

0 BLP CHP aq 9172 1.jpg

Канје Вест е среде развод од сопругата Ким Кардашијан Вест со која беше во брак шест години.

Бракоразводната постапка започна во февруари.

Но, 43-годишниот рапер, наводно, е во врска со рускиот супермодел Ирина Шајк (35), според DeuxMoi, Инстаграм страница-озборувач на селебрити-личности. „Канје Вест сега тајно излегува со Ирина Шајк, односно мајка на дететото на Бредли Купер“, напиша еден корисник како коментар.

Некои шоубиз медиуми веќе објавија дека раперот, наводно, тајно се гледа со супермоделот и потсетија дека Канје и Шајк се знаат повеќе од една деценија.

Во 2010 година Ирина се појави во спотот за неговата песна Power со ангелски крилја на себе. Две години подоцна таа беше дел од неговата модна ревија во Париз. А минатиот месец, Ирина промовираше креација DMX која раперот ја дизајнираше во сорботка со Balenciaga.

Ирина беше романтично поврзана со актерот Бредли Купер, со кого ја дели четиригодишната ќерка Леа.

Related posts

Ако сакате да внесете повеќе витамин К почнете да јадете редовно од овие видови храна

CityLife

Џенифер Лопез ја обновила врската со Бен Афлек пред првпат да биде фотографиран во нејзиниот дом

CityLife

Ѓумбирот може да спречи појава на рак и да лекува

CityLife