Внимавајте на нискиот притисок во лето: Опасноста од нагли падови е реална!

Hipotenzija nizok krven pritisok 2048x1321 1.jpg

Нискиот крвен притисок, познат и како хипотензија, не секогаш лесно се препознава. Кај некои луѓе тој не предизвикува никакви симптоми, додека кај други може значително да влијае врз секојдневното функционирање, па дури и да претставува сериозен здравствен ризик.

Според лекарите, причините за низок крвен притисок можат да бидат различни – од недоволен внес на течности и дехидрација, па сè до посериозни здравствени состојби кои бараат медицинска интервенција. Токму затоа е важно навремено да се препознаат предупредувачките знаци и да се утврди причината за падот на притисокот.

Експертите предупредуваат дека следните симптоми може да укажуваат на низок крвен притисок:

  • заматен или ослабен вид;
  • вртоглавица и чувство на зашеметеност;
  • несвестица;
  • постојан замор и тешкотии со концентрацијата;
  • гадење.

Иако секој од овие симптоми не мора нужно да значи дека имате низок крвен притисок, доколку тие се повторуваат, не исчезнуваат или се појавуваат ненадејно, лекарите советуваат да побарате медицинска помош и да направите преглед.

Посебно внимание треба да се обрне кога крвниот притисок нагло опаѓа или кога е проследен со изразена слабост, конфузија или губење на свеста, бидејќи во одредени случаи тоа може да биде знак за сериозна здравствена состојба која бара итен третман.

Related posts

Први фотографии од „Куќа на змејот“, претходник на „Игра на тронови“

CityLife

Де Ниро на свечен ручек во чест на „Трибека“

CityLife

Овошје со најмалку шеќер

CityLife