На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

Toshe proeski.jpg

На денешен ден, пред 19 години, својот последниот концерт го одржа македонската и балканска поп-легенда, Тоше Проески кој само единаесет дена подоцна го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на автопатот кај Нова Градишка, Хрватска.

Концертот остана запаметен како едно од последните големи обраќања на легендарната поп-ѕвезда кон својата публика.

Со својот препознатлив глас, енергија и искрен однос кон луѓето, Проески уште еднаш покажа зошто беше толку сакан во Македонија и пошироко. 

На 16 октомври 2007 година, Македонија ја потресе веста за неговата прерана смрт, на само 26 години. Неговото заминување остави празнина која времето не ја потполни. И денес, неговите песни се слушаат, неговиот глас одекнува меѓу луѓето, а споменот за човекот кој често велеше „сите ве сакам“ продолжува да живее.

Петти октомври остана запаметен како датумот на еден неповторлив концерт полн со љубов, додека пак, шеснаесетти, денот кога една музичка ѕвезда прерано отиде меѓу ангелите, за и понатаму да живее во срцата на неговите обожаватели.

Related posts

Маск: Традиционалните медиуми лажат, Ројтерс е најлош

CityLife

Гледачите разочарани за продолжението на Џокер: „Чија беше оваа глупава идеја да направат мјузикл?“

CityLife

Револуција во фармацијата, повеќе таблети во една и тоа 3D печатена

CityLife