Наутро ви се тресат рацете – дали треба да се загрижите?

Race 1.jpg

Треперењето на рацете или тремор е непријатно чувство кое се карактеризира со неконтролирани, несакани движења. Главно тоа се ритмични и неартикулирани движења кои пречат во извршување на поедини активности, особено ако тоа се бара прецизност во движењата.

Прескокнувањето на оброците или земање на одредени лекови може, исто така, да го влоши треперењето на рацете.

Исто така, можно е да имате есенцијален тремор, безопасно (но фрустрирачко) заболување кое може да се јави во 40-50-тите години од животот. Околу половина од луѓето со овој проблем имаат член од фамилијата кој го имал овој проблем.

Состојбата може да се третира со лекови, но голем број луѓе се чувствуваат сосем добро и без нив.

Ретко, треморот може да биде знак за невролошко пореметување, како што е Паркинсова болест или мултипла склероза.

Доколку доаѓа до треперење на дланките кога истите се во мирување или доколку забележите проблем со рамнотежата и координацијата, најдобро би било да направите невролошки преглед.

Related posts

Мадс Микелсен ужива да глуми лошо момче во Холивуд

CityLife

Тејлор Свифт го собори рекордот на „Битлси“ со трет албум број 1 за помалку од една година

CityLife

Шестгодишно девојче од Кина го собори женскиот светски рекорд во местење Рубикова коцка

CityLife