„Амазон“ ги носи Џејмс Бонд и Роки во борба против „Нетфликс“ со купувањето на МГМ

20210527 amazonlogo reuters.jpg

Американската компанија за електронска трговија Amazon.com Inc го купи MGM, легендарното американско филмско студио и дом на серијалот за Џејмс Бонд, за 8,45 милијарди долари.

Со оваа инвестиција, „Амазон“ добива огромна библиотека со филмови и ТВ-емисии и ја зајакнува конкурентноста со стриминг-ривалите предводени од Нетфликс и Дизни плус.

Договорот има за цел да го зајакне студиото на Амазон, кое мометално е фокусирано на телевизија, со нови и историски филмови од Ем-џи-ем (MGM), кое има откупено многу профитабилни серијали вклучувајќи ги „Роки“ и „Томб Рајдер“ од неговото основање во 1924 година.

Стриминг-видеото им помага на најголемите светски трговци на мало да привлечат луѓе да се претплаќаат на „Прајм“, клуб со брза испорака, и да купуваат повеќе откако ќе станат негови членови.

Со оваа инвестиција „Амазон“ покажува дека сака да остане конкурентен на пазарот на стриминг-платформи. „Нетфликс“, „Дизни плус“ и другите стриминг-услуги инвестираат илијарди долари за да ги наполнат своите библиотеки со нови содржини во борбата за повеќе претплатници.

Related posts

На 115-годишна возраст, во Венецуела, почина најстариот човек на светот

CityLife

(Видео) Мисица ја загуби титулата поради тверкање на „Тикток“

CityLife

И забил ножици во главата на сестра си затоа што не сакала да си игра со него: Момче во Тајланд се преправало дека е лик од ТВ серија

CityLife