Скарлет Јохансон и Флоренс Пјуг го снимале „Црна вдовица“ додека се бореле со пневмонија

20210330 scarlettandflorence ig.jpg

Режисерката на „Црна вдовица“, Кејт Шортленд, го спореди снимањето на Марвеловиот филм со искуство од војска и откри дека неговите две главни sвезди имале воспаление на белите дробови додека се снимал филмот.

Во интервју за The Gentlewoman, Кејт објасни: “Тоа беше како да сте во војска. До самиот крај, и Скарлет и Флоренс снимаа додека беа болни од пневмонија”.

Во меѓувреме, британската актерка Флоренс неодамна откри дека таа и Скарлет имаат сестринска врска.

Двете играат заедно во претстојниот филм на „Марвел“ во кој ги потретираат Јелена Белова и Наташа Романоф, две итерации на титуларната суперхероина, а Флоренс изјави дека во текот на снимањето двете создале блиска врска како да се сестри.

Related posts

Бен Афлек го носи синот на пливање

CityLife

Четири причини зошто треба редовно да јадеме карфиол

CityLife

Колтон Андервуд откри дека е геј: Сè уште се навикнувам

CityLife