Џеј Лено им се извини на азиските Американци за „погрешните шеги“

20212503 Jayleno Reuters.jpg

Телевизискиот водител Џеј Лено се извини за повеќе од деценија шеги на сметка на азиските Американци, велејќи дека направил „легитимна грешка“.

Извинувањето од Лено, поранешен водител на популарното Tonight Show на американската Ен-би-си, следи по долгата кампања на „Медија екшн нетворк“ за азиските Американци (МАNAA) и порастот на злосторствата од омраза против заедницата, кој привлече свежо внимание по минатонеделниот инцидент во Атланта каде загинаа осум лица, од кои шест азиско-американски жени.

„МАНАА“ соопшти дека Лено направил најмалку девет документирани шеги за Корејци или Кинезите кои јадат кучиња или мачки. Групата барала извинување уште од 2002 година, а во средата (24 март) потврди дека добила еден повик од Лено минатиот месец.

„Во времето кога ги кажував тие шеги, искрено мислев дека се безопасни“, рекол Лено во повикот, според соопштението на MANAA кое било претходно договорено со Лено. „Ја исмевав нашата непријателска Северна Кореја, и како и повеќето шеги, за нив имаше малку вистина.“

Легендарниот комичар, кој сега има 70 години, беше водител на „Вечерно шоу“ повеќе од 20 години сè додека не се повлече во 2014 година.

Related posts

Седум меѓуоброци кои имаат повеќе протеини од јајцата

CityLife

Магична свадба на зајдисонце: Гвен Стефани и Блејк Шелтон

CityLife

Безалкохолното пиво е најприродна опција за рехидратација по вежбањето

CityLife