Најголемите филмски неуспеси на Холивуд во 2026 година

Image 2026 07 25 085240260.png

Во првата половина од 2026 година Холивуд се соочи со големи финансиски загуби поради филмските неуспеси.

На петто место се најде филмот „Меланија“. Автобиографијата оствари заработка од околу 16,7 милиони долари, со буџет од 40 милиони долари. Филмот беше претставен во над 20 земји, но со мал интерес од публиката. Веднаш под него е „Невестата“, во режија на Меги Џиленхол, со Џеси Бакли и Кристијан Бејл во главните улоги. Филмот заработил само 24 милиони, со влог од меѓу 80 и 90 милиони долари.

На трето место е „Животинска фарма“, анимиран филм направен според класичниот роман на Џорџ Орвел. Во режија на Енди Серкис, беше еден од најголемите неуспеси на годината, со заработка од само 6,3 милиони долари. Второто место за најнеуспешен филм за 2026 година му припадна на филмот „Господари на универзумот“. Филмот со Николас Галитцин во главната улога досега заработил околу 105 милиони долари, со буџет од околу 170 и 200 милиони долари.

Првото место е за „Пустински воин“, епски акциски филм на Руперт Вајат, со дејство во Арабија, во 7 век. Филмот оствари заработка од 733.940 долари. Актерската екипа ја сочинуваат Ентони Меки, Шарлто Копли и Бен Кингсли. Со ова филмот се најде меѓу најголемите разочарувања во современата филмска индустрија. 

Related posts

Еве неколку намирници кои можат да ги влошат работите за време на сезонски алергии

CityLife

Стадо залутани слонови заспале заедно по 500 километри одење

CityLife

Германците воведоа казни до 25 илјади евра за правење скара на јаглен на балкон

CityLife