Почина францускиот мајстор на режијата, Бертран Таверние

Cd4de48245a37ba0e554de34335aa8e104e54dc8.jpg

Меѓународно прославениот и плоден француски филмски режисер Бертран Таверние почина на 79-годишна возраст.

Господарот на киното, како што го нарекуваа, кој секогаш остана врзан за социјалната реалност, зад себе остави десетици филмови меѓу кои „Часовничар“ (1974), „Околу полноќ“ (1986), „Живот и ништо друго“ (1989).

Роден е во Лион под нацистичка окупација во 1941 година, а неговиот татко Рене, писател, бил во францускиот отпор.

Таверние беше на чело на институтот Лимиер, именуван по браќата кои се сметаат за пионери на филмот. Неговото дело опфаќаше неколку жанрови, од трилери до историски драми.

Таверние исто така беше сценарист, актер и продуцент. Тој развил страст за кино како тинејџер додека престојувал во санаториум, каде што се лекувал од туберкулоза.

Неговите играни филмови ќе останат запаметени како едни од најславните дела на француската кинематографија.

По веста за неговата смрт, светските медиуми истакнуваат дека Таверние испиша некои од најубавите страници на седмата уметност.

Related posts

Истражување: Човековидните мајмуни имаат смисла за хумор

CityLife

Како да препознаете старо месо во супермаркет пред да го купите

CityLife

Шакира не е целосно задоволна од сопствената музика

CityLife