Џејмс Франко со 2,2 милиони долари ја реши тужбата за сексуална злоупотреба

Актерот Џејмс Франко постигна спогодба за случајот сексуална експлоатација и се согласи да им исплати сума од над 2 милиони долари на девојките кои покренаа тужба против него.

Франко беше тужен од две поранешни студентки во неговата академија за глума за несоодветно однесување и сексуална експлоатација. Академијата „Плејхаус вест студио 4“ беше отворена во 2014 година, но затворена три години подоцна.

Сара Титер- Каплан и Тони Гал, две студентки кои ја посетувале академијата за глума на Франко, покренаа тужба против него во судот во Лос Анџелес во 2019 година. Тие ги обвинија Франко и неговите партнери за „сексуализирање на нивната моќ како учители и вработувачи кои за да им дадат улога ги уценувале сексуално“.

И иако Франко минатата година тврдеше дека двете студентки биле „гладни за внимание“ и дека изнеле лажни обвинувања за да добијат публицитет, тој сега се согласи за спогодба со двете обвинувачки.

Според „Холивуд репортер“, Франко се согласил да плати 2,235,000 долари за решавање на тужбата, а договорот сега е доставен до судија во Лос Анџелес за одобрување.

 

Related posts

„Нетфликс“ ги откупи правата за продолжението на филмот „Knives Out“

CityLife

Тејлор Свифт испрати подароци на медицинска сестра: Инспирирана сум од твојата страст за помагање

CityLife

Африка ја запира преработката на какао

CityLife