Бургас домаќин на „Евросонг“ в година

20260813110603 big 730x400 28.webp.webp

Бургас ќе биде домаќин на „Евровизија“ в година. Според одлуката, двете полуфиналиња во градот на брегот на Црното Море ќе е одржат на 11. и 13 мај, а финалето ќе биде на 15 мај. Ова е објавено денеска на заедничка прес-конференција на Бугарската национална телевизија (БНТ) и Европската радиодифузна унија (ЕБУ).

На почетокот на јуни, БНТ објави дека Софија, Пловдив, Варна и Бургас ја продолжуваат трката за домаќин на натпреварот „Евросонг“. Домаќинот е одреден од работен комитет којшто ги оценуваше предлозите, потврди тогаш генералната директорка на БНТ, Милена Милотинова.

На 15 јули, претставници на ЕБУ ја прегледаа Националната палата на културата за време на постапката за избор на домаќин за музичкиот натпревар во 2027 година. Токму тие денови, БНТ објави дека само Бургас и Софија ја продолжуваат трката.

Вчера, организаторите на „Евровизија“ објавија дека ги промениле правилата за 2027 година, при што земјата-победник „автоматски нема право да биде домаќин“ ако државата е вклучена во „вооружен конфликт“ или се наоѓа во „чувствителна геополитичка ситуација“.  

Related posts

Која е богатата маркиза за која се тврди дека е љубовница на Вилијам и главна причина за „исчезнувањето“ на Кејт Мидлтон

CityLife

Принцезата од Велс, Кејт откри дека се лекува од рак

CityLife

Словенечки хотел го продава креветот на кој спиел Кристијано Роналдо

CityLife