Љубов на Евровизија: Норвежанец се вљуби во Азербејџанка, а таа му остави тајна порака

Pjimage 82 azuF9AU.jpg

Норвешка и Азербејџан синоќа обезбедија влез во големото финале на Евросонг, на публиката ѝ се допаднаа претставниците на двете земји , а очигледно двајцата развиле блиски односи.

За многу пејачи, Евросонгот е важна точка во кариерата која ги насочува понатаму. Но, има и такви кои, покрај музички успех, добиваат и нешто повеќе.

Имено, норвешкиот претставник Андреас Хаукеланд, попознат како ТИКС, и претставничката на Азербејџан, Ефенди Мата Хари, со денови си посветуваат објави на социјалните мрежи.

Андреас, всушност, ја започна потенцијалната љубовна приказна кога ѝ посвети неколку песни на пејачката Песните ги снимил во Ротердам.

„Евровизиска љубовна песна посветена на Азербејџан. Означете некој што треба да го слушне ова, совет: Нејзиното име започнува со Е“ – напиша тој алудирајќи на Ефенди.

Таа му одговори со песна, која ја отпеа со голема насмевка на лицето.

Романтичниот Тикс следниот ден ѝ подари букет рози со порака „Моето срце е твое“, а Ефенди пак му подари шише вино и нејзин постер со посвета.

Related posts

Најсреќниот датум во мај за секој хороскопски знак

CityLife

Џенифер Лопез го носи вереничкиот прстен од Родригез во нова реклама за „Џеј Ло бјути“

CityLife

Дали знаете како пицата, хамбургерот и сендвичот го добиле своето име?

CityLife