Петто издание на винскиот фестивал во Охрид

1 .jpeg

Вечерва на Кеј Македонија во Охрид започнува Ohrid Wine Festival Vol. 5, тридневен настан кој од 25 до 27 јуни ќе ги обедини македонските вина, домашната музичка програма, гастро понудата и летната атмосфера покрај езерото. Фестивалското дружење започнува во 19:00 часот, додека музичките настапи стартуваат еден час подоцна.

Првата фестивалска вечер носи настапи на Група Сарај, Дани Димитровска и Меморија, со програма наменета за различни генерации и публика која сака музика, дружење и вечерно излегување во Охрид.

Во текот на трите вечери, посетителите ќе имаат можност да дегустираат исклучиво македонски вина од домашни винарии и производители. Со тоа, фестивалот го става во фокус домашното винско производство и создава простор за промоција на македонскиот квалитет пред охриѓани, туристите и посетителите кои во овој период престојуваат во градот.

Програмата продолжува на 26 јуни со Брос Марама, Ѓоко Ѓорчев со Кате Танева, Куку Леле и Пауза за ракија. На 27 јуни, завршната вечер ќе настапат Солзи и Смеа, DJ Fic, Битолски камерен оркестар и Суперхикс.

Ohrid Wine Festival Vol. 5 ќе се одржува на Кеј Македонија, каде што посетителите во следните три вечери ќе можат да уживаат во вино, музика, храна и дружење во отворен летен амбиент покрај езерото.

Организаторите упатуваат покана до охриѓани, туристите, посетителите и сите љубители на виното, музиката и летната атмосфера да бидат дел од фестивалот кој вечерва започнува во Охрид.

Related posts

Три вида овошје што треба да ги јадете секој ден

CityLife

Папараците го забележаа Бен Афлек додека зема нарачан оброк

CityLife

Не очекува соларна олуја: Можен прекин на телекомуникациите, ќе има и појава на поларна светлина

CityLife