Гласајте за Анастас Китановски – да му помогнеме настапи на Untold!

Image 2026 06 01 095840835.png

Младиот македонски продуцент и диџеј Анастас е избран во престижната програма “Untold Creators by Visa”, организирана од светски познатиот фестивал “Untold” во Трансилванија, Романија – фестивал кој важи за трет најголем фестивал во светот.

Во конкуренција од дури 11.366 апликации од целиот свет, Анастас е еден од само 25-те избрани диџеи кои добија можност да бидат дел од оваа интернационална програма. Ова е и прва година во која “Untold” отвора простор за интернационални артисти надвор од Романија.

Во рамки на програмата, учесниците работеа и учеа од светски познати продуценти и ментори од електронската сцена, а како финален продукт снимија свои авторски DJ сетови.

Во моментов е отворено официјалното гласање за најдобар DJ сет.

Овде може да гласате за Анастас: http://bit.ly/4u0w9bD

Четворица од учесниците ќе добијат можност да настапат на фестивалските стејџови на Untold, додека еден од нив ќе настапи на главната сцена – пред десетици илјади луѓе – заедно со светски музички имиња како Sting, Martin Garrix, Kygo, Afrojack, Lost Frequencies и многу други.

Сега поддршката е најважна. Да му помогнеме на младиот македонски артист да стане дел од една од најголемите музички сцени во светот.

Aнастас е 26-годишен DJ и продуцент од Скопје, чие име сè почесто се појавува на регионалната и домашната електронска сцена. Во изминатиот период настапуваше заедно со имиња како Argy, Hugel и Andrew Meller, а беше и резидент DJ во “Станица 26” заедно со Галоски.

Неговата музика веќе е издавана за познати електронски лејбли како “Cafe De Anatolia”, “Garden of Dreams” а неговиот звук комбинира melodic house, organic elements и современа електронска продукција.

Ова е ретка можност млад македонски артист да ја претставува земјата на глобална сцена – и токму затоа секој глас може да направи огромна разлика.

UNTOLD Festival е еден од најголемите и највлијателни музички фестивали во Европа, кој секоја година се одржува во Клуж-Напока, во срцето на Трансилванија. Фестивалот обединува стотици илјади посетители од повеќе од 100 земји и носи настапи од најголемите светски диџеи, музички ѕвезди и live артисти. Препознатлив по својата спектакуларна продукција, магична сценографија и уникатна атмосфера, UNTOLD денес е рангиран меѓу најдобрите и најпосетени фестивали во светот.

Линк до фестивалот: https://untold.com

Related posts

Реже Џин Пејџ нема да глуми во втората сезона на „Бриџертон“, фановите тажни

CityLife

Белите чорапи се најтешки за перење, но постои трик како повторно да бидат како нови

CityLife

Дејвид Бекам и „Дизни плус“ во заеднички проект „Спаси го нашиот тим“

CityLife