Шерон Стоун смета дека нејзината репутација на „тешка“ ѝ наштетила на кариерата

20210708 sharon twitter.jpg

Шерон Стоун вели дека била искрена за различни прашања низ годините, и смета дека нејзината подготвеност јавно да дискутира за спорни работи го поткопала нејзиниот потенцијал за заработка.

63-годишната актерка изјави за WSJ Magazine: „Едноставно сум возбудена кога гледам каде припаѓам во светот, да видам каде оди моето патување.

„Мислам дека кога ги кажував сите тие работи – за кои сега жестоко дискутираат Камала Харис, нашата чудесна потпретседателка, и Мишел Обама и Хилари Клинтон – за правата на жените, прилично ми ја отежнаа мојата филмска кариера.“

„Луѓето сметаа дека сум ‘тешка’ затоа што ги барав тие работи и очекував да ги добијам бидејќи сметав дека се исправни и соодветни за мене и за другите жени.“

Шарон, исто така, смета дека ставовите еволуираат, и на крајот, верува дека тоа може да им ги олесни работите на жените во филмскиот бизнис.

Related posts

Спајдермен конечно се враќа дома во „Дизни плус“ во нов договор со „Сони“

CityLife

Халид Бешлиќ стана жртва на интернет измама: „Рекламирал“ сода бикарбона која лечи дијабетес

CityLife

Бруклин Бекам отвора ресторан во Лондон

CityLife