Ќофтиња во доматен сос

20260427094646 big 730x400 33.webp.webp

Големите љубители на ќофтиња нема да можат да одолеат на фантастичниот вкус, а сливите им даваат посебен вкус..

Состојки:

  • 400 грама мешано мелено месо
  • 1 парче леб
  • 4 лажици лебни трошки
  • 1 дл млеко
  • 1 јајце
  • 10 суви сливи 
  • 2 главици кромид и 2 чешниња лук 
  • 100 грама ориз
  • 1 лажичка мелена пиперка, бибер и сол
  • 6 дл говедска супа
  • 40 грама пармезан сирење
  • 2 дл сок од домати
  • 5 лажици масло

Подготовка:

Потопете го лебот во млеко, исцедете го и издробете го.Ситно исецкајте ги сливите ,кромидот и лукот. Во сад, измешајте го меленото месо, јајцето, издробениот леб, мелената пиперка, лебните трошки и половина од сецканите сливи. Додадете зачини по вкус и добро измешајте.Со раце намачкани со масло, формирајте мали топчиња од подготвената смеса, а потоа пржете ги во врело масло, извадете ги од маслото и оставете ги топли. Додадете го кромидот во маслото и пржете додека не стане стаклен. Потоа додадете ги преостанатите сливи, оризот, солта и биберот и пржете кратко. Крчкајте, повремено додавајќи говедска супа, додека оризот не омекне. Истурете ја смесата во сад за печење. Одозгора наредете ги ќофтињата, а потоа прелијте ги со сосот од домати и смесата од пармезан врз ќуфтињата. Ставете во претходно загреана рерна на 200*C да се печат. 

Related posts

Утре концерт за три света по повод 50 години музичка кариера на Џафер

CityLife

Ќе го задржам, благодарам! Џенифер Лопез сè уште го има прстенот од поранешниот вереник

CityLife

„Кис“ ги продаде своите авторски права за над 300 милиони долари

CityLife