Холивуд размислува за постпандемската иднина на киносалите

2021 04 22 Cinemas Reuters.jpg

Додека Холивуд се подготвува да ги прослави „Оскарите“ во недела (25 април), киносалите се обидуваат да ја намамат публиката која повеќе од една година гледа филмови дома со стриминг.

Некои кина трајно се затворија, додека други се обидуваат да се опорават и се надеваат дека низа одложени блокбастери ќе создадат враќање на кино-посетителите.

„Ројтерс“ праша неколку актери, режисери, писателите и продуцентите што гледаат за иднината на киносалите.

„Мислам дека она што ќе го видиме кога ќе се вратиме во кино е дека филмовите ја слават таа посебна форма на уметност на седење во темна просторија со многу странци и гледање во големо платно со гласен звучен систем, и сето тоа ќе стане пофокусирана и ритуализирана работа,“ вели режисерот Џејмс Камерон.

„Тоа е единственото место каде што доминира уметноста. Кога гледате нешто на стриминг, другите луѓе во собата со вас можат да интервенираат – да паузираат, да одат во тоалет, да испраќаат пораки, да прават други работи.“

А режисерката Клои Жао потенцира: „За 300 луѓе да се смеат и да плачат истовремено, странци, не само вашето семејство во вашата куќа, тоа е многу моќна работа од која мислам дека никогаш нема да се откажеме.“

„Прашањето е, дали кината навистина ќе бидат таму? Јас всушност повеќе се грижам за оригиналните кина, за оние мали мали кина во малите градови. Тие се толку убави и се толку важни за заедницата.“

Актерката Гал Гадот има оптимистички став. “Не мислам дека кината исчезнуваат. Мислам дека, исто како и со концертите во живо на кои сите сакаме да одиме, киносалите ни даваат многу поинакво искуство,“ вели таа.

Related posts

Што е Сјегренов синдром, болеста од која почина Слаѓана Милошевиќ

CityLife

Гром погоди четири лица во близина на операта во Сиднеј

CityLife

Овие 5 работи се неопходни за стабилен живот

CityLife