Трик како да отстраните налепница за една минута без траги од лепак

811679 Kako Skinuti Nalepnicu Ls.jpg

Налепниците на новите производи навистина не се вадат лесно. Вода и сунѓер, разни средства, па дури и нокти – обично користиме различни методи за отстранување на досадните налепници од чаши, чинии, пластични садови и слични производи.

Ако сте се запрашале како налепниците се толку лепливи, одговорот лежи во силните врски помеѓу молекулите кои го прават овој лепак особено цврст.

На социјалните мрежи секојдневно се креираат трикови, совети и препораки кои го олеснуваат животот, а еден од тие совети се однесува на отстранување на налепници од нови производи.

Па така, еден од советите е да се искористи фен. Без разлика на површината од која треба да го извадиме лепилото, тоа многу брзо ќе се стопи поради дејството на топлиот воздух што излегува низ фенот. Процесот трае околу една минута, што е многу побрзо од класичното одлепување кое порано предизвикуваше стрес.

Најголемата предност е тоа што по лупењето на налепницата не остануваат никакви траги од лепак, само чиста површина. Освен фен, кој е најбрзо решение, налепниците можете да ги отстраните и со маслиново масло. Лесно втријте го маслото во налепницата, почекајте неколку минути и лесно ќе ја излупите – исто така без да оставите никакви траги.

Related posts

Марк Волберг треба да се здебели 13 килограми за нова улога

CityLife

Џеј Ло позира со полицајци на снимањето на ново музичко видео

CityLife

Како песничките влијаат на говорниот развој кај бебето?

CityLife