Трет Toп Ган: Том Круз повторно ќе го глуми Маверик

O 1833885 1024.jpg

Топ Ган: Маверик дојде во кината во 2022 година и постигна одлични резултати, а недолго по премиерата се наметна прашањето дали ќе се снима и трет дел.

Гласините за можното снимање на третиот филм се појавија на почетокот на оваа година, а сега ги потврди и еден од продуцентите на филмот, како и информацијата дека Том Круз ќе се врати како Пит „Маверик“ Мичел.

Продуцентот Џери Брукхајмер работеше на Топ Ган од 1986 година и Топ Ган: Маверик од 2022 година, а се чини дека ќе работи и на трет филм. Како што пренесува Колидер, продуцентот потврдил дека ќе се снима продолжение во кое ќе учествува и Том Круз, кому многу му се допаѓа приказната за третиот филм.

-Том Круз ќе глуми. Том е неверојатен. Поминавме време со него и ја имаме приказната. Џо Косински имаше одлична идеја за приказна и Том Круз рече дека навистина му се допадна, па ние ја развиваме. Но, не се знае кога ќе се снима бидејќи Том е многу зафатен. Моментално работи на Неозможна мисија и веќе има проект после тоа. Се надеваме дека ќе добиеме сценарио кое ќе му се допадне и дека ќе почнеме да работиме – рекол Брукхајмер, пренесува Колидер.

Акционото продолжение од 2022 година заработи 1,4 милијарди долари и доби одлични критики, пишува Колидер. Тоа го потврдува и оценката што филмот ја доби на Rotten Tomatoes. Врз основа на 476 критики, критичарите го оценија со високи 96 отсто, а со преку 50.000 критики од публиката, Топ Ган: Маверик беше оценет со 99 отсто.

Related posts

Андре Агаси ја бакна фотографијата на сопругата Штефи Граф на Австралија Опен

CityLife

Цвеклото го подобрува сексуалниот живот

CityLife

Сакате да се ослободите од заморот и напнатоста? Запалете го овој лист!

CityLife