Тина Тарнер се повлекува од јавниот живот со емотивен документарец

Тина Тарнер се отвори за своето тешко минато во новиот документарец „ТИНА“, филм за кој соул и рок-sвездата вели дека е завршен чин од нејзиниот јавен живот пред да се повлече.

Исткаен од искрено интервју со 81-годишната легенда, сведоштва од луѓе што ја познаваат и архивски материјали, филмот го следи подемот на пејачката од самоопишана „девојка од полињата со памук“ до глобална музичка икона.

„Не беше добар живот“, вели Тарнер во уводните сцени на филмот кој е поделен во пет поглавја, почнувајќи од „1. дел – Ајк и Тина“.

Тина и поранешниот сопруг Ајк Тарнер, кој почина од предозирање со кокаин во 2007 година, имаа огромен успех кон крајот на 1960-тите и раните 1970-ти. Тие се разведоа во 1978 година по бурниот брак во кој таа тврдеше дека ја тепал.

Кралицата на рокенролот позната по многу хитови, меѓу кои и What’s Love Got to Do with It, започна соло кариера во 80-тите години на минатиот век.

„Првото нешто што го рече кога седнавме беше: Не сакам да го правам ова“, рече Ден Линдзи, еден од режисерите на филмот, кому сопругот на легендата, Ервин Бах, му пристапил за да снима документарен филм за неа.

Препознатлива по неверојатната енергија со која зрачи секој пат кога ќе застане на сцена, моќниот глас и вртоглаво долги нозе, Тина Тарнер Is Simply the Best

Related posts

Џеј Лено им се извини на азиските Американци за „погрешните шеги“

CityLife

Главата на роботот „C-3PO“ од „Војна на ѕвездите“ продадена за 843.000 долари

CityLife

Судот на Северина и го врати синот: Старателството ќе го дели со Милан Поповиќ

CityLife