Џеф Безос купи уште еден стан на Менхетн за да создаде вертикален дом од соништата

Џеф Безос го проширува својот станбен имот на Менхетн, купувајќи уште еден стан за 16,13 милиони долари во 24-катна зграда Century Condominium спроти Медисон Сквер Парк, каде веќе ги поседува сите единици на последните четири ката, објави „Меншн глобал“.

Шефот на „Амазон“ и најбогат човек на планетаа веќе е сопственик на три стана во истата зграда, односно двокатен пентхаус и два уникатни мега станови под него, кои имаат 12 спални и се протегаат на површина од 1,600 квадратни метри.

На богатите станари им нуди фитнес центар, симулатор за голф и киносала за прикажување на филмови.

Шефот на „Амазон“, преку фирма со ограничена одговорност регистрирана во Делавер, го купил станот на 212 Петта авенија во февруари. Договорот се финализирал на 7 април, покажуваат документите поднесени до градот.

Договорот бил склучен надвор од пазарот за недвижности. Продавачот, чиј идентитет е заштитен, ја купил единицата за 11,25 милиони долари во април 2018 година, се наведува во записите на имотот.

 

Related posts

Кајли Џенер и Тревис Скот на роденденски викенд во Мајами

CityLife

Најдобриот природен лек против забоболка и болести на непцата

CityLife

Џејмс Бонд останува на големото платно по договорот со „Амазон“

CityLife