Тејлор Свифт испрати подароци на медицинска сестра: Инспирирана сум од твојата страст за помагање

Тејлор Свифт испрати специјален пакет подароци за медицинска сестра од првата линија на фронтот против Ковид-19.

31-годишната музичарка стапи во контакт со медицинската сестра Брита Томасон за да ѝ испрати подарок во знак на благодраност за нејзината напорна работа во текот на изминатата година.

Брита претходно во интервју за „Телеграф“ изјавила дека е голем фан на Тејлор Свифт, и дека себеси се нарекува Свифти. Таа оваа недела на Фејсбук сподели фотографии од пакетот заедно со ракописна порака од славната хитмејкерка.

“Почитувана Брита, сакав да ти пишам и лично да ти се заблагодарам што си на првата борбена линија против коронавирусот и што си доволно храбра да се изложуваш на опасност помогајќи им на другите. Јас сум инспирирана од твојата страст за помагање и грижа за твоите пациенти, и бев трогната што спомна неодамна дека ти се допаѓа мојата музика! “ напиша Тејлор на пакетот.

А во својата објава на Фејсбук, медицинската сестра Брита наведе дека ќе плаче остатокот од денот и дека е пријатно изненадена од ваквиот гест на Тејлор. Во подароците има топла облека, неколку џемпери, шишиња за вода и трзалици за гитара.

Related posts

Тофер Грејс потврди дека станал татко по вторпат

CityLife

Кајли Џенер горда на својата тригодишна ќерка Сторми

CityLife

Прстенот на Гвен Стефани предизвика гласини дека тајно се омажила за Блејк Шелтон

CityLife