Колтон Андервуд откри дека е геј: Сè уште се навикнувам

NYET321 710 2019 213456.jpg

Колтон Андервуд e геј.

Поранешната ѕвезда на американското реалити-шоу „Господин совршен“ ја откри вистината за својата сексуалност и призна дека се помирил со тоа дека го привлекуваат мажи претходно оваа година откако поминал „долго време бегајќи од себе“.

Во искрен разговор со Робин Робертс во емисијата Good Morning America, Колтон рече: „Долго време бегав од себе. Долго време се мразев.“

„Јас сум геј и конечно се помирив со тој факт претходно оваа година. Следниот чекор во сето ова беше некако да им дадете до знаење на луѓето,“ рече Колтон, додадaвајќи дека сè уште се навикнува.

29-годишната реалити ѕвезда и поранешен фудбалер призна дека се чувствувал „емотивно“, но е сигурен во себе.

„Бев капитен на фудбалски тим и се очекуваше да имам многу девојки и да се опивам, но не направив ништо од тоа. Не сакав да имам секс со девојки, па луѓето почнаа да зборуваат и јас почнав да се прашувам себеси дали можеби се во право “.

Related posts

Како да се ослободите од дамките на пеглата на природен начин

CityLife

Иранец нашол злато во отпад, па ѝ го вратил на сопственичката

CityLife

Сопственик на кучиња кои убија жена во Англија пуштен на слобода со кауција

CityLife