„Твитер“ го забрани профилот на актерката Кангана Ранаут

Тwitter Inc во вторникот соопшти дека трајно го блокира профилот на боливудската актерка Кангана Ранаут, позната по нејзината ревносна поддршка за индискиот премиер Нарендра Моди. Технолошкиот гигант наведува дека таа ги прекршува правилата на компанијата кога станува збор за говор на омраза и повици за насилство.

Ранаут во понеделникот објави твит во кој го повика премиерот Моди да прибегне кон гангстерски тактики „за да го скроти“ главниот министер за Западен Бенгал, Мамата Банерџи, чија партија ги победи хинду- националистите на Моди на изборите минатиот викенд, за да ја задржи контролата врз државната влада во Калкута.

По изборите, партијата на Банерџи беше обвинета за насилни напади врз нејзините поразени противници, што таа ги негира.

Потврдувајќи дека профилот на Ранаут е суспендиран, Твитер ја објасни својата политика.

„Бевме јасни дека ќе преземеме силна акција за однесување што има потенцијал да доведе до штета надвор од социјалната мрежа.“

„Наведениот акаунт е трајно суспендиран за повеќекратно кршење на правилата на Твитер, конкретно на нашата политика за говор на омраза и злоупотребливо однесување.“

Related posts

За Мајкл Даглас мислеле дека е дедо на неговата ќерка матурантка

CityLife

Ник Џонас сака луѓето да имаат секс кога ја слушаат неговата музика

CityLife

Кралското семејство навива за Англија на синоќешниот натпревар

CityLife