Селма Хајек замалку ќе ја загубела битката со Ковид-19

20210520 Salmahayek Instagram.jpg

Селма Хајек откри дека била на работ на животот и смртта откако се заразила со Ковид-19 во екот на пандемијата.

54-годишната актерка заболела од коронавирус минатата година и поминала неколку месеци закрепнувајќи од болеста, за која вели дека била толку лоша што нејзиниот лекар инсистирал да оди во болница на лекување.

Во интервју за холивудското списание „Вараети“ во кое Селма првпат зборува за својата битка со вирусот, таа рече: „Мојот доктор ме молеше да одам во болница затоа што беше многу лошо. Му реков не, благодарам. Повеќе сакам да умрам дома “.

„Вараети“ пишува дека Селма поминала седум недели во самоизолација во една соба во куќата во Лондон во која живее со сопругот Франсоа-Анри Пино и нивната 13-годишна ќерка Валентина.

„Во најголемата криза, била на кислородна поддршка. Таа сè уште не ја врати целосно енергијата што ја имаше некогаш,“ се наведува во статијата.

Иако не била во можност да го види сопругот или ќерката додека се самоизолирала, на Селма ѝ правел друштво куќниот миленик – бел був по име Керинг. Таа неодамна откри дека нејзиниот пердувест пријател спие со неа секогаш кога не е тука сопругот.

Related posts

Опасна супстанца која предизвикува рак откриена во препарати за акни

CityLife

Иман Фенди е решена да го оствари својот сон да биде поп-ѕвезда

CityLife

Ким на празен стомак ќе ве ослободи од болка, надуеност и летаргија

CityLife